„Ако и после овие казни пак е хаос, да се распуштиме“ – Ина Многуфина за Сејф сити
Системот „Безбеден град“ веќе неколку месеци во јавноста е една од главните теми. Неговиот пробен преиод веќе е при крај, односно веќе од 1 февруари е најавена активна примена и санкционирање на прекршоците.
Властите уверуваат дека целта е поголема безбедност, но граѓаните се прашуваат – дали новиот систем навистина ќе ги намали сообраќајните несреќи или ќе значи уште еден сериозен удар по домашниот буџет.
Со свој коментар околу ова излезе и познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, која во објава на Фејсбук напиша дека ако и после овие казни пак е хаос, тогаш да се „распуштиме“.
„Казните за сејф сити машала:
– возење до 20km/h над дозволеното – 20€
– 20-30km/h – 45€
– 30-50km/h – 300€ + забрана
– над 50km/h – 400-500€ + забрана од појаките
– поминување на “не беше многу црвено” – 250€ + забрана, ако направиш беља + кривична
– истечена возачка – 100€
– ќе застанам на 5 минути – 30-50€ + пајаче
3 забрани во 4 години – ич возачка
– не возам кола, ќе шетам со слушалки на пешачки – 40€
Ако и после овие казни пак е хаос, да се распуштиме“, пишува во објавата на Ина Многуфина.