Ако „копате“ или тргувате со крипто-валути ќе треба да се регистрирате и да платите данок

t

Министерството за финансии преку нов закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам ќе го стави „во ред“ досегашно „сиво“ подрачје во кое плаќањето и тргувањето со криптовалути не е ниту забрането, ниту дозволено во нашата држава. – Пишува Мартин Николовски за Телма.

Во Нацрт-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во членот 8 се регулираат давателите на услуги поврзани со виртуелни средства.

Според овој член давателите на услуги поврзани со виртуелни средства се должни да го известат надзорниот орган од овој закон дека вршат активности пропишани како со овој закон во рок од 30 дена од денот на регистрацијата во Централниот регистар на Република Македонија, односно од денот на започнувањето на давањето на услуги поврзани со виртуелни средства на територија на Република Македонија и да му достават податоци, информации и документи од сигурни и независни извори согласно ставот (2) од овој член.

Официјализирањето на крипто валутите е најавено и во програмата на премиерот Димитар Ковачевски.

„Со законско решение кое Владата и Министерството за финансии ќе го изработат во соработка со Народната банка и во консултација со комерцијалните банки во државата, а ќе бидат консултирани и релевантни експерти на оваа тема. Формалното решение ќе ги следи регулативите и препораките на Европската Унија за регулирање на пазарот на крипто средствата“ – пишува во владината програма за 2022-2024 година.

Според владината програма на премиерот Ковачевски, формализацијата на тргувањето со криптовалути ќе донесе и даночен прилив во економијата на Македонија на долг рок, а ќе ги привлече и потенцијалните криптоинвеститори од светот.

Но во програмата се предупредуваат сите што ќе решат да користат криптосредства останува претходно добро да се информираат за природата на криптосредствата, како и пазарниот ризик што го носат тие како инвеститори во криптосредства.

Моментално во Македонија крипто валути најчесто се препродаваа меѓу оние кои што ги имаат, или преку неколку крипто менувачници во Скопје и на интернет кои наплаќаат провизија за совети за раземна на дигиталните пари. Крипто валути исто така може да се купат и со банкарска картичка од некоја официјална берза која прифаќа банкарски картички.

Во последните неколку месеци драстично опадна вредноста на крипто валутите. Инаку за нивно „копање“ се користи поголемо количество во струја, за што изминатиов период полицијата и ЕВН открија десетици масовни кражби на струја. Последен нерешен сомнителен случај со кражба на струја за „копање“ на крипто валути беше во Градскиот трговски центар во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…