Ако не се договори Мицкоски следната недела со банките, граѓаните ќе им плаќаат камата за унгарскиот кредит на фирмите
Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска постигнаа договор со банкарскиот сектор за условите за користење на унгарскиот кредит од 250 милиони евра, наменет за македонските компании.
Компаниите ќе имаат можност за грејс период до три години и рок на отплата до 15 години.
„Земавме заеднички став дека, во зависност од барањата на клиентите, ќе користиме формулација ‘до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата.’ Некои клиенти можеби ќе изберат и пократок рок, но ова е рамката што ја усогласивме,“ изјави Мицкоски.
Иако роковите се договорени, останува да се дефинира висината на каматните стапки. Разговорите за ова ќе продолжат следната недела. Мицкоски истакна дека Владата има намера каматните стапки да бидат што е можно пониски, но не наведе конкретни бројки.
„Целта е банките да понудат што е можно пониска камата. Државата ќе ги покрие 3.25 проценти, а подоцна можеби ќе издадеме еврообврзница за предвремена отплата на кредитот,“ објасни премиерот.
Од вкупните 500 милиони евра, колку што изнесува кредитот од унгарската влада, половина ќе се искористат за инфраструктурни проекти на општините, а останатите 250 милиони евра ќе бидат наменети за кредити за фирми. Средствата ќе се пласираат преку Македонската инвестициска банка, а компаниите ќе аплицираат во комерцијалните банки за нивно користење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако не се договори Мицкоски следната недела…
Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии…
Македонија „горда“ … Вицепремиерот Изет Меџити не…
Првиот вицепремиер Изет Меџити ветува дека ќе…
Брнабиќ за трагедијата во Нови Сад: Никој…
Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска…
Медведев: Америка нема корист од мирот во…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Скопјани се тепале поради недоразбирање во сообраќајот
На 16.11.2024 во 17:30 часот во СВР…