Објавено на:

Ако не се формира ЗСО пропаѓа договорот од Охрид, вели Дачиќ

t

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Приштина десет години работи на избегнување на формирањето на Заедницата на српски општини и верува дека утре во Брисел, за време на новата рунда разговори со Белград, ќе продолжат со истата политика.

„Приштина ќе се обиде да ја минимизира важноста на ЗСО. Почнувајќи од името, статутот, менаџерскиот тим, па се до ингеренциите што ги има заедницата“, рече Дачиќ во изјава за новинарите денеска.

Тој потсети дека минатата недела учествувал на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации на која меѓу другото се разговарало и за ЗСО, а пред десет години се одржала седница на таа организација на која се разговарало на истата тема.

„Пред десет години го слушавме истото. Сите изразија задоволство што тоа е историски значаен чин. Поминаа десет години, а ЗСО не се случи“, рече Дачиќ.

Тој нагласи дека верува оти на сите им е јасно оти Србија цврсто инсистира на формирање на ЗСО и дека тоа е прва точка во исполнувањето на договореното во Охрид.

„Во планот за имплементација има само две работи кои конкретно се споменати на почетокот – ЗСО и декларацијата за исчезнати лица. Тоа ќе бидат, како што ми кажа претседателот Вучиќ, главните теми. Во овој момент навистина е многу тешко да се каже дали и со каква динамика ќе се одвива сето тоа. Но, тоа е од суштинско значење, бидејќи без ЗСО нема да има имплементација на другите делови од договорот“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека премиерот на Косово, Албин Курти, секојдневно создава нови кризи, со цел да го насочи вниманието кон проблемите на теренот и да „заклучи“ дека сè уште нема услови за формирање на ЗСО, пренесува Спутник.

„Тие секако очекуваат дека Србите ќе бидат протерани и дека нема потреба од ЗСО. Србија има цврст став. Ќе бидеме со нашиот народ на Косово и Метохија. Во пресрет на утрешната средба едно е сигурно – Србија ќе биде конструктивна и претседателот Вучиќ е подготвен за таа средба“, заклучи Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…

Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…

Србија ги прати во Косово посмртните останки…

Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…