Ако се движиме кон Европа броилата за струја ќе се читаат еднаш годишно, вели Бислимовски
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски соопшти дека до крајот на месецов ќе има промена на проверката за снабдување со електрична енергија.
-Ќе кажам почесто да се читаат броилата. Само да потсетам во Европа читањето е еднаш годишно, но праксата и логиката кај нас се друго. Ако сакаме мораме да се движиме кон Европа. И во Бугарија е исто така еднаш годишно, рече Бислимовски.
Според него, имаме домаќинства во земјава што трошат 50.000 киловат часови електрична енергија.
-Нема потреба да се шири фама за тие 17 домаќинства. Тие имаат висока потрошувачка, но си ги платиле своите трошоци. Факт е дека имале висока потрошувачка, но имале комоција и уредно си ги платиле своите трошоци, изјави синоќа првиот човек на РКЕ во емисијата „Топ тема“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Peзил, некои работи не стареат добро –…
Изјавата од ноември Нема да има ценовни…