Објавено на:

Активирани плановите за испраќање западни трупи во Украина: Европа ќе испрати војници во Украина во согласност со планот на Трамп?

t

Франција и Велика Британија не ја исклучуваат можноста да застанат на чело на западната коалиција во Украина, во светло на претстојното американско „повлекување“ од Киев по враќањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Ова го објави францускиот весник Монд, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на Париз и Лондон, кои допрва треба да се финализираат.

Се наведува дека разговорите за испраќање западни војници и припадници на приватни воени компании на украинска територија се повторно активирани во момент кога конфликтот во таа земја влегува во нова фаза на ескалација.

Монд наведува дека целосно се обновени чувствителните дебати, кои најчесто се водат во строга тајност, во врска со можниот крај на вмешаноста на САД во помагањето на Киев кога Трамп повторно ќе положи заклетва на 20 јануари следната година.

Се потсетува дека дебатата за испраќање војници во Украина, која во февруари годинава ненадејно ја иницираше францускиот претседател Емануел Макрон за време на состанокот на сојузниците на Киев одржан во Париз, предизвика силен отпор кај одредени европски земји, на чело со Германија.

Францускиот весник наведува дека ваквото сценарио не е „пропаднато“ и последниве недели повторно се актуелизира.

Според информациите на Мондо, тоа се случило благодарение на посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Франција, која се одржа на 11 ноември.

– Во тек се разговори меѓу Лондон и Париз во врска со соработката во областа на одбраната, а особено со цел да се создаде цврсто јадро на сојузници во Европа, кое би било фокусирано на Украина и европската безбедност во поширока смисла – изјави неименуван воен претставник за францускиот весник.

Монд нагласува дека овие зборови се во склад со изјавите на Жан Ноел Баро, францускиот министер за надворешни работи, дадени на крајот на минатата недела при посетата на Лондон.

Во интервју за Би-би-си, Баро ги повика западните сојузници „да не поставуваат или објавуваат црвени линии“ во врска со поддршката за Украина.

Кориере дела сера, која ја пренесе информацијата на Монд, потсетува дека Бенџамин Адад, францускиот министер за европски прашања, дал слични изјави во интервју за водечкиот италијански весник, нагласувајќи дека ставот на Париз останува ист, односно за „можноста за испраќање западни војници во Украина“.

Се вели дека фактор за обновувањето на планот за распоредување на војници била одлуката на Џо Бајден, претседателот на САД во заминување, да ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети АТАКМС за напади длабоко на територијата на Русија.

Употребата на овие и други оружја со долг дострел бара поддршка од Западот во работна сила на теренот во самата Украина.

Ова, меѓу другото, беше една од главните причини зошто Германија досега одбиваше да му ги испорача на Киев своите ракети со долг дострел, „Таурус“.

Наспроти Германија, Велика Британија ѝ ги подари на Украина ракетите „Сторм шедоу“, а Франција на Украина ѝ ги даде проектилите „Скалп“, кои имаат исти карактеристики како британските „Сторм шедоу“.

На 20 ноември, овие проектили беа употребени за напад на руската командна станица во пограничниот регион Курск.

Не е познато дали ракетите „Скалп“ биле користени и за напади на руска територија.

Лондон има во Украина ангажирано под договор членови на компанијата „Бабкок“ , а според информациите на Монд, тие таму работат во координација со слична француска воена компанија ДЦИ (Défense Conseil International), која е во мнозинска државна сопственост.

Тие учествуваат и во обуката на украинските војници во Франција и Полска.

Распоредувањето на француски војници, а можеби и војници од други европски земји, првично би имало за цел помош на украинските војници со употреба на оружје со долг дострел, а во иднина и за обезбедување можен прекин на огнот доколку бидат успешни евентуалните мировни преговори.

Во контекст на овие тврдења неодамна „Волстрит журнал“ објави изјави на претставници на идната администрација на Трамп според кои по неговото враќање на власт во јануари 2025 година, Трамп ќе се обиде да воспостави прекин на огнот меѓу Русија и Украина што ќе биде гарантиран од странски мировни трупи.

Според тие извори, „најголемиот дел од силите би биле Европејци, а не Американци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…