Активни над 15 илјади случаи со COVID-19, регистрирани 184 реинфекции
Бројот на активни случаи со COVID-19 во земјава изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284.
Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на COVID-19. Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.
Како што соопшти ресорното министерство, од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 184 реинфекции.
Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти, а починале девет пациенти, сите во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на COVID-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.
Поради нагорната линија на позитивни лица со COVID-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.
Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…
Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…
Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…
Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…
„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…
Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…
Фаучи бил „шверцуван“ во централата на ЦИА…
Д-р Ентони Фаучи бил „шверцуван“ тајно во…
Се отвора земјата со најстрог ковид режим: “Не сум…
Патници почнаа да пристигнуваат во Кина преку…