Активни пожари во Македонија- еве каде гори во моментов
Центарот за управување со кризи ја објави состојбата со активни пожари во Македонски Брод и Кичевско.
1. Македонски Брод
ТППЕ-М.Брод во текот на вчерашниот ден регистрираше шумски пожар во атарот на селото Ореовец каде гори сува трева и лисна престилка на непристапен терен. Заради контрола на состојбата имаше упатено 2 лица со возило на ШС„Сандански“ Мак.Брод. Денес во утринските часови се упатени 5 лица со 1 моторно возило и истите направија заштитен појас околу пожарот со посебно внимание на заштита кон манастирит СВ.Никола. Нема опасност по овој верски објект и истите се повлекле од терен. Исто така на терен имаше 3 лица со 1 моторно возило од ТППЕ Мак.Брод и истите се се уште на терен.
2. Кичево
Пожарот над село Тајмиште е се уште активен и во моментов на терен се 4 вработени од ШС Лопушник и 5 пожарникари од ТППЕ-Кичево со 1 пп возило и соодветна опрема.
3. Кичево
Во моментов 6 вработени од ШС Лопушник и 4-ца мештани од село Бачишта се уште интервенираат на пожарот во реонот на с.Бачишта. Гасењето на пожарот се уште е во тек, информираат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…