Активни 8.143 случаи, вкупно починати 8.869 лица од коронавирус

t

Aктивни се 8.143 случаи во државава од кои најголем број 4467 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.808 тестови регистрирани се 905 нови случаи со КОВИД-19 од кои 161 се реинфекции, 10 починати и 1.565 оздравени пациенти.

Министерството за здравство вчера соопшти дека почна скринингот во училиштата и завршена е првата фаза за добивање и обработка на согласностите од родителите. Според МЗ, голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

-Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник. Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје, информираат од Министерството.

Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.

Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, а на починати е 8.869.

Светската здравствена организација (СЗО) го скрати препорачаното времетраење на карантинот за лицата изложени на коронавирусот. СЗО соопшти дека тие кои имаат негативен тест сега можат да го прекинат карантинот по седум дена наместо претходно препорачаните 14 денови. Таму каде тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по 10-от ден без тестирање доколку контактот не покажува симптоми, наведува СЗО во своите нови привремени упатства.

Калифорнија станува првата држава во САД што ќе објави дека го третира коронавирусот како излечива болест од ендемски тип, објави гувернерот Гавин Њусам. Таа и е една првите кои го укинаа задолжителното носење маски во јавни места.

Одлука на Њусам се гледа како значајна нова фаза во борбата на САД со коронавирусот, додека службените лица низ земјата ги укинуваат наредбите за носење маски како прв чекор кон нормализација.

-Ја оставаме кризата позади нас и одиме во фаза каде ќе работиме да живееме со вирусот. Луѓето едвај чекаат да свртат нова страница. Тие исто така секаат да знаат дека ги поддржуваме, ќе ги заштитуваме и ќе бидеме први во тоа, изјави Њусам.

Во меѓувреме, повеќе сојузни држави како Вирџинија, Колорадо, Конектикат или Њу Мексико деновиве го укинаа задолжителното носење маски во затворени простории или во училиштата. Некои како округот Колумбија или Алабама ставија рокови, крај на месецов, во март или во април, кога на тие наредби им истекува важноста. Државите пак како Џорџија и Флорида воопшто немаа наредби за носење маски. Во Тексас тоа беше забрането согласно закон.

Во Калифорнија, невакцинираните лица, сепак, ќе мора да носат маски на јавни места. Округот Лос Анѓелес засега не ја применува наредбата на државата и продолжува со мандатот за носење маски во затворено. Според официјални здравствени лица од овие држави, САД се движат во правец кога Ковид-19 не е повеќе „постојана криза”. Федералните Центри за превенција на заболувањата (ЦДЦ) деновиве се очекува да излезат со обновени мерки за препораките за носење маски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…