Акциска контрола на МВР: Казина во Прилеп, Битола и Кавадарци работеле незаконски

t

При спроведена контрола од страна на припадници на полицијата и инспектори, во текот на изминатата вечер регистрирани се непрописи во работењето на казино во Кавадарци, Прилеп и Битола.

Од МВР информираат дека во казино во Кавадарци е констатирано непрописно работење од страна на УЈП, а затекнат бил и еден малолетник во објектот. Од страна на УЈП било евидентирано неправилно работење и во казино во Прилеп, додека глоба за неводење на книга на благајна, согласно член157 од Законот за игри на среќа, од страна на УЈП е изречена и за казино во Битола.

За прекршоците ќе бидат поднесени соодветни санкции.

Покрај заедничките контроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен, ноќеска биле извршени и контроли во угостителски објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: МВР не демантира дека тендерот за…

МВР не демантира дека тендерот за партиски…

МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…

„Во врска со написите на политичката партија…

Лажни полицајци претепале маж во Центар

„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…

Стручната комисија на министерот за здравство, не…

Стручната комисија на министерот за здравство, која…

Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…

Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…