Акција во Турција, приведени шест новинари: Обвинети се за тероризам

t

Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и ќе бидат изнесени пред суд под обвинение дека се поврзани со прокурдски медиуми и за членство во „терористичка организација”.

Новинарите работеа за медиуми поврзани со прокурдската Демократска народна партија, која ризикува да биде забранета во Турција поради наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Демократската народна партија негира каква било поврзаност со ПКК.

На 8 јуни во Дијабекир, југоисточна Турција беа приведени четворица новинари под обвинение дека работеле за ПКК.

Претставникот на Репортери без граници (РСФ) Ерол Ондероглу ги осуди апсењата како обид за ослабување на „курдската политичка класа … и одземање на правото на глас” пред претседателските избори во Турција следната година.

Турција според во Индексот на слободата на медиуми на РСФ е на 149. место од 180 земји и постојано е критикувана за замолчување на критичарите на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…