Објавено на:

Акција на косовската полиција: Запленета стока која била шверцувана преку Македонија

t

Косовската полиција денеска на неколку локации изведе операција за спречување на нелегалната трговија, во чии рамки во село во општина Витина, во близина на границата со Македонија, е запрен и камион полн со разновидни комерцијални стоки, кој нелегално влегол од македонска територија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на косовското МВР се наведува дека во камионот, кој бил запрен во селото Кабаш откако не ја испочитувал претходната полициска наредба да застане, биле откриени различни стоки, како авто-делови, прехрамбени производи и стимулирачки медицински средства од типот „камагра”.

Со камионот, кој, според соопштението, е со косовски регистарски таблички, управувал косовски државјанин, кој е идентификуван со иницијалите М.М.

– Криумчарената стока се претпоставува дека е внесена во Република Косово од Република Северна Македонија по илегален пат. По нивниот обид да ја избегнат полициската наредба за запирање, нашите погранични авторитети успеаја да го запрат околу 11.30 часот во селото Кабаш… Вкупната вредност на запленетата стока ќе биде утврдена од страна на Царините на Косово, се вели во соопштението.

Слична акција косовската полиција денеска изведе и во селото Штрпце, општина Урошевац, при што во неколку трговски објекти се запленети стоки, кои, според полициски извори, се нелегално внесени од Србија. 

Неодамна косовската полиција заплени пратка со два тони мед од Македонија.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…