Акција на МВР: Скопјанец чувал еден килограм марихуана дома
38-годишен скопјанец е уапсен денеска откако во неговиот дом била најдена марихуана во тежина од еден килограм, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (20.03.2023) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје. При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода…
Денеска (12.08.2024), Одделот за воздухопловни единици при…
Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…
6-годишно дете го уби татко си во…
Апсења во Гази Баба и Волково
На 10.08.2024 година во 21.40 часот во Скопје, на…
Над 330.000 ДЕНАРИ чинело патувањето на Тошковски…
Шетајте луѓе, ич „да не ви чуе“,…
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…