Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си.
Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година.
СЗО смета дека причината за ова е бидејќи помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата Ковид-19.
-Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21 илјади хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Макрон одби да ѝ се обрати на…
Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се…
Герапетритис: Патот на Северна Македонија кон Европа…
Одлуката на државното и политичкото раководство на…
Медведев: Повторно оживеа фашизмот во Европа
Русија спроведува специјална воена операција за целосно…