Аларм во Белгија – мистериозни дронови надлетуваа над нуклеарна централа

t

Пет дронови беа забележани како синоќа летаат над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на пристаништето Антверпен, соопшти енергетската компанија Енџи.

„Првично детектиравме три дрона, но потоа видовме вкупно пет. Тие беа во воздух околу еден час“, изјави портпаролката на компанијата Хелен Смитс за POLITICO утринава.

Првиот извештај за трите дрона дојде непосредно пред 22 часот во недела, додаде Смитс, истакнувајќи дека летовите немале никакво влијание врз работењето на централата. Националниот кризен центар на Белгија, кој моментално ја следи ситуацијата, го потврди инцидентот.

Порано вечерта, воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат по повеќекратни пријави за дронови. Летовите беа запрени околу 19:30 часот и беа обновени помалку од еден час подоцна.

Најновиот инцидент е дел од бран активност на беспилотни летала што ја нарушува клучната инфраструктура низ Белгија. Минатата недела, аеродромите во Брисел и Лиеж се соочија со повторени прекини, додека беспилотни летала беа забележани и над воените бази и пристаништето во Антверпен.

Белгија одржа состанок на Советот за национална безбедност во четврток, по што министерот за внатрешни работи Бернар Кинтен рече дека властите „ја имаат ситуацијата под контрола“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аларм во Белгија – мистериозни дронови надлетуваа…

Пет дронови беа забележани како синоќа летаат…

Велика Британија ѝ помага на Белгија да…

Велика Британија испраќа експерти и опрема во…

Косово започна да прозведува воени и цивилни…

Косово го направи првиот чекор кон создавање…

Белгиски министер: Ако Москва го нападне Брисел,…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен испрати…

И за вториот изборен круг во недела…

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар…