Албанец, Грузиец и Украинец уапсени на Табановце
Тројца странски држајвани вчера биле уапсени на Табановце, во одделни случаи.
– На 26.11.2023 во 11.50 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Б.(29) од Република Албанија. При контрола во автобус со албански национални ознаки, во кој се превезувал, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопшти полицијата.
– На 26.11.2023 во 13.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(37) од Грузија, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека ерменската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во денешниот полициски билтен.
– На 26.11.2023 во 20.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.С.(47) од Украина, затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека украинската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, извести МВР за третиот случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за Мухсин Арифи дека од немоќна…
Јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран…
Русија е првата држава што официјално ја…
Русија стана првата земја што формално ја…
(Видео) „Генијална идеја“ на Владата: „Сериозно размислуваме…
Сериозно размислуваме да воведеме данок за немажени…
Повторно ограбена фабриката за марихуана во Карбинци…
Украдени се и клима-уредите од фабриката за…
Уапсен 42-годишник кој силувал 77-годишна жена во…
На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници…