Албанец од Косово уапсен во Турција, носел пари за Мосад

t

Турската полиција денеска уапси Албанец од Косово, осомничен дека префрлал пари на оперативци на израелската разузнавачка служба Мосад во Турција, јавува денеска агенцијата Анадолу.

Осомничениот Лиридон Реџепи влегол во Турција на 25 август, бил приведен минатиот петок, а денеска официјално бил уапсен откако признал дека правел трансфер на пари, пренесува АП.

Од јануари годинава турските власти уапсија десетици луѓе, меѓу кои и приватни истражители обвинети дека собирале информации за поединци, главно Палестинци кои живеат во Турција, за потребите на израелската тајна служба, но Израел не ги објави овие апсења.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е еден од најгласните критичари на воените дејствија на Израел.

Во мај, Турција ја прекина целата трговија со Израел и поднесе барање за учество во постапката за геноцид против Израел до Меѓународниот кривичен суд (МКС).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанец од Косово уапсен во Турција, носел…

Турската полиција денеска уапси Албанец од Косово,…

Русите имаат нова цел во Украина –…

Руските сили нападнаа пруги во регионите Суми…

Академици ги пцујат и навредуваат вработените што…

Вкупно 36 вработени во техничката служба во…

Џафери: Европскиот фронт нема да ја поддржи…

Европскиот фронт нема да ја поддржи оваа…

8ми септември неработен за сите граѓани

Пред нас е уште еден продолжен викенд.…