Објавено на:

Албанка со заштитен идентитет е првиот сведок против Тачи во Хаг: Ќе се сослушаат над 300 сведоци!

t

Утринава првиот сведок на обвинителството дава исказ главно зад затворени врати на судењето во Хаг на поранешниот командант на ОВК Хашим Тачи и тројцата сообвинети за злосторства во Косово и Албанија, 1998-99 година.

Првиот сведок е жена од албанска националност, чиј идентитет е заштитен со криење на лицето и менување на гласот по електронски пат.

Таа пред судот потврди дека претходно во Приштина дала два искази пред обвинителите, а денеска за време на расправата ги потврди тие изјави и ги приложи како доказ.

Веднаш откако сведокот се заколна дека ќе ја каже вистината, обвинителот Метју Холинг побара да се спроведе целото испрашување зад затворени врати за да се заштити нејзиниот идентитет.

Претседавачот, судијата Чарлс Смит, претходно прецизираше дека обвинителите побарале три и пол работни часа за сослушување на денешниот сведок.

Одбраната на четворицата обвинети посочи, според судијата Смит, дека ќе им требаат дури 13 часа за вкрстено испрашување на сведокот.

Кога сведокот одговара на прашањата на обвинителот зад затворени врати, тоа обично значи дека и вкрстеното испрашување ќе биде затворено за јавноста.

Претседавачот Смит на почетокот на утринската седница изрази надеж дека странките во постапката ќе испитаат „најмалку двајца сведоци“ во следните две недели.

Обвинителите пред почетокот на судењето најавија дека ќе сослушаат над 300 сведоци, а сослушниот совет им даде рок да ја завршат доказната постапка до април 2025 година.

Заедно со Тачи, членовите на Главниот штаб на ОВК Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи беа обвинети за злосторства над Албанците, Србите и Ромите.

На почетокот на судењето, на 3 април, сите обвинети повторија дека не се виновни за делата од обвинението.

Во воведниот збор обвинителите, пак, тврдеа дека во текот на судењето ќе ја докажат вината на Тачи и на сообвинетите.

Бранителите, во воведните изјави, тврдеа дека четворицата водачи на ОВК немаат никаква врска со злосторствата извршени од „одмаздниците“ и „одметниците од ОВК“.

Обвинението ги товари Тачи (54), Весељи (55), Сељими (52) и Красниќи (72) за злосторства извршени во 42 нелегални притворени центри на ОВК во Косово и Албанија против околу 407 притвореници, од кои најмалку 98 биле убиени, од март 1998 до септември 1999 година

Обвинителите неодамна го објавија идентитетот на 75 жртви, од кои 51 биле од српска националност. Во притвор на ОВК загинаа и 23 Албанци и еден Ром.

Идентитетот на уште 25 жртви ќе биде откриен во текот на судењето.

Во десет точки, Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети за политички и етнички прогон, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, сурово постапување, присилно исчезнување, мачење (две точки) и убиство (две точки).

Тие злосторства се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири точки како воени злосторства.

Според обвинението, Тачи и сообвинетите сносат и индивидуална и командна одговорност за овие злосторства.

Според обвинението, Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ биле учесници во здружен злосторнички потфат.

Целта на тој злосторнички потфат беше да ја преземе контролата над цело Косово со насилство врз сите кои ОВК ги сметаше за противници – Србите, Ромите и Албанците прогласени за „предавници“, „шпиони“ и „соработници“ на српските власти.

Како соучесници во злосторничкото здружување се наведени и офицерите на ОВК Азем Суља, Љах Брахимај, Фатмир Љимај, Сујелман Сељими, Рустем Мустафа, Шукри Буја, Љатиф Гаши и Сабит Геци.

Обвинетите, во тоа време опфатени со обвинението, биле членови на Главниот штаб на ОВК – Тачи како политички комесар, подоцна командант, Весељи началник на разузнавачката служба, Сељими како главен оперативец и Красниќи како заменик командант и портпарол.

Во привремената влада на Косово, прогласена во март 1999 година, Тачи беше премиер, Весељи министер за разузнавачки работи, Сељими министер за внатрешни работи, а Красниќи портпарол.

Сите обвинети, кои беа уапсени на Косово на 4 и 5 ноември 2020 година, на првото појавување пред судот, од 9 до 11 ноември истата година, изјавија дека не се виновни за делата во обвинението.

Тачи и сообвинетите се во судски притвор во Шевенинген по нивното апсење, а судот, чие официјално име е Специјализирана комора на Косово, во неколку наврати го одбиваше нивното барање за привремено ослободување.

Покрај претседателот Смит од САД, во комисијата што ги суди Тачи и сообвинетите се и судиите Кристоф Барт од Германија и Жинел Метро од Швајцарија. Резервен судија е Фергал Гејнор од Република Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случајот добива пресврт? Тројца нови сведоци за…

Тројца нови сведоци ќе бидат сослушани на…

Трамп се соочува со ново кривично дело…

Доколку помислевте дека случајот со осудениот престапник…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…

Министерот за правда во Франција обвинет за…

Во Франција денеска почна судењето без преседан…

Доналд Трамп денеска во Њујорк сведочеше под…

Во судот немало камери, но новинарите известуваат…