Албанската полиција спречила шверц на дрога, оружје и муниција на македонска територија

t

Според полицијата, во акцијата „Вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А. (28), жител на Фуш Круја, кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со канабис со вкупна тежина од 27,3 килограми
Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје во Северна Македонија.

Според полицијата, во акцијата „Вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А. (28), жител на Фуш Круја, кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со канабис со вкупна тежина од 27,3 килограми.

„На влезот во градот Елбасан се уапсени С.М. (21) и сопатникот А.М. (22), двајцата жители на Дивјак. Во автомобил ‘ауди’ полицијата пронајде едно парче огнено оружје ‘калашников’ и 114 куршуми. Во двата случаи крајната дестинација на заплената била Северна Македонија“,

стои во соопштението на албанската полиција.
Процедуралните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…