Објавено на:

Албански дипломат: “Не” од Македонија за францускиот предлог ќе ги одложеше преговорите на Албанија за една деценија

t

Албанскиот дипломат Агим Нешо смета дека Албанија имала среќа што од преговорите излегла деблокирана како резултат на одговорноста на македонскиот Парламент, но и на геополитичката одлука на ЕУ да ги има Албанија и Македонија како нејзин дел.

За „Ора њуз” тој изјави дека доколку „нашиот сосед кажеше „не” тоа би значело уште една изгубена деценија за Албанија во преговорите”.

-Отворањето на преговорите се чини дека доби зелено светло од одговорното однесување на Собранието на Северна Македонија. Тоа е чин кој има цена поради проблемите во земјата поврзани со националниот идентитет. Но, Северна Македонија избра безбеден пат, европската перспектива. Нивната одлука е во наш интерес. Денеска меѓународниот печат пишуваше дека доколку македонскиот парламент кажеше не, отворањето на преговорите можеше да се одложи за уште една деценија. Имаме среќа, оцени Нешо.

Според него, неопходна е потребата Албанија да ги отвори преговорите и да биде под контрола на европските вредности и принципи.

– Ова е само отворање, зрак надеж, што покажува дека за Албанија, без оглед на исполнетите или неисполнетите задачи што ги има, постои политичка волја од земјите на ЕУ кои бараат што поскоро Западен Балкан, особено Албанија и Северна Македонија, да бидат дел од неа, констатира албанскиот дипломат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…