Објавено на:

Албанците на Косово го погребаа Фатон Хајризи како херој со симболи на УЧК

t

Албанецот од Косово Фатон Хајризи кој уби еден српски полицаец кај Лозница и тешко повреди уште еден денеска беше погребан на локалните гробишта во селото Клина, на Косово.

Неговото тело на гробиштата беше донесено со специјален автомобил, придружуван од поворка автомобили украсени со албанско и големоалбанско знаме, украсени со симболи на „УЧК“ и натписи со пофалби посветени на убиецот на српскиот полицаец Никола Крсмановиќ.

На гробиштата во Клина владееше речиси свечена атмосфера, а албанскиот народ го погреба убиецот на српскиот полицаец како херој, јавува „Газетаекспрес“.

Беа развиорени албански знамиња, а на албанското знаме беше поставена фотографијата на Фатон, пред која последните поздрави ги пишуваа роднините, пријателите и фановите – наведе медиумот.

Инаку телото на Фатон Хајризи вчера беше испорачано од Србија на Косово преку административниот премин Мердаре. Како што пренесуваат косовските медиуми веднаш штом влегле посмртните останки на Хајризи во Косово, тие биле пречекани од армија обожаватели, кои со автомобил го придружувале телото до селото Клина.

Фатон Хајрази на 18 јули го уби српскиот полицаец на должност Никола Крсмановиќ и го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ во Лозница. Тој беше убиен од српската полиција два дена подоцна во близина на границата со Босна и Херцеговина, каде што се обиде да побегне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…