Албанците се кренаа: САД да престане да се меша во внатрешните работи на Албанија и да почне да почитува дипломатски кодекс!
Продолжува кавгата меѓу американската амбасадорка Јури Ким и поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, што беше отворена по неговото прогласување за „персона нон грата“ од страна на САД.
До последната од низата кавги доаѓа денеска, сега преку „комисијата за обнова“ на крилото на опозициската партија што го предводи токму Бериша. Комисијата за обнова на Демократската партија ја обвини амбасадорката Ким дека „Се меша со флагрантно кршење на законите и Уставот на земјата, во поддршка на нарко-владата во Тирана“. – Де факто Вие апелирате до гласачите за кого да гласаат.
Ги осудуваме ваквите политички изјави на странски претставници за време на изборните кампањи. Ги сметаме за недозволиво, неприфатливо и еднострано мешање во изборниот процес, во овој случај во корист на најкорумпираната власт во Европа, стои во реакцијата на Комисијата за обнова на ПД.
Оттаму се додава дека, пред сè, оваа изјава е во целосна спротивност со членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи и протоколи, потпишана во 1961 година, во која Албанија е членка.- Ве потсетуваме дека во Членот 41 точка 1, експлицитно стои дека должност на секој странски дипломат е да ги почитува законите и прописите на земјата домаќин. Тие, исто така, немаат право да се мешаат во внатрешните работи на таа држава, се наведува во реакцијата.
Претходно, во пресрет на делумните предвремени избори за градоначалници на шест општини, што ќе се одржат на 6 март, амбасадорката Ким упати порака со неколку прашања до кандидатите кои ја бараат довербата на граѓаните.- Што им ветувате на гласачите кога вашиот спонзор е прогласен за „нон грата“ од САД за корупција? Што треба да очекуваат Албанците? Што треба да очекуваат САД? Прашува амбасадорката и потсетува дека нејзината земја, до сега „јавно прогласила за персона нон грата четири лица во Албанија“. Освен Бериша до сега за непожелни се прогласени и поранешниот главен државен обвинител Адриатик Лала, ексградоначалникот на Драч, Ванѓуш Дако (социјалист) и поранешниот пратеник и бизнисмен Том Доши, лидер на Социјалдемократската партија,чии тројца пратеници се дел од владејачкото мнозинство. Доши на ланските парламентарни избори беше избран за пратеник, но веднаш се откажа од мандатот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…