Објавено на:

Александар Вучиќ за малата Данка: Се појави нова трага, ми се јавија ноќеска во 3 часот!

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на аеродромот полковник-пилот Миленко Павловиќ во Батајница зборуваше за работата на полицијата и исчезнувањето на Данка Илиќ (2), девојчето по која веќе шести ден се трага во Бањско поле кај Бор.

Претседателот на Србија изјави дека се појавила нова трага во потрагата по Данка Илиќ.

-Сакам да и се заблагодарам на полицијата која работи деноноќно. Кога се појави нова трага како ноќеска во три и пол, ме известија и мене. До пет ипол секој е на своето место. Секоја чест за нивната посветеност, колку луѓе се борат за еден прекрасен живот. Секој божествен ден. Се надевам дека ќе успеат да го расветлат и тој случај – рече Вучиќ.

Да потсетиме, освен што го прегледале телефонот на Ивана, мајката на исчезнатата Данка Илиќ, припадници на МУП наводно извршиле и преглед на неколку нејзини профили на социјалните мрежи.

Полицијата во петокот отишла со мајката на двегодишната Данка Илиќ на местото каде исчезна девојчето за да им го покаже секој чекор и детал од тој ден.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…

НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!

Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…

(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…

Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…

Османи: Извештајот на Вајц бара да се…

За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот…

Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…

Добро е што се усвои извештајот, но…