Алити во Брисел истакнал дека деполитизирана и транспарентна администрација е приоритет за Владата
Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки на скрининг-процесот престојува во Брисел, каде што оствари средба со претставници на Европската комисија.
Како што информира тој преку Фејсбук, на оваа средба биле разгледани реформите во јавната администрација како еден од клучните приоритети на Владата, каде според него истакнале дека интензивно се работи за да се овозможи деполитизирана, компетентна, ефикасна јавна администрација, одговорна и транспарентна, којa ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис заедницата.
„Информирав за напорите на МИОА на овој план и за моменталната состојба на составот и работењето на државната администрација. Разговаравме и за релевантните закони од областа на дигитализацијата, како општа основа за практична имплементација на ИКТ решенијата, кои овозможуваат поедноставни и побрзи административни процедури, но во исто време обезбедуваат ефективен систем во електронските услуги, кој исполнува и е во согласност со Европски стандарди и законодавства”, пишува министерот.
Тој истакна дека Македонија има јасна цел и е целосно ангажирана и ги користи сите капацитети кои ги катализираат и обезбедуваат предусловите за интеграција во Европската унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот…
Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници…
Алити во Брисел истакнал дека деполитизирана и…
Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки…
МИОА: Новиот закон ќе ја деполитизира администрацијата
Законот за висока раководна служба е сосема…
Негриески удри по Владата: Потрошија 820 милиони…
Барањата се едноставни, да се израмнат платите…
Дали ќе има уште еден штрајк? Владата…
Властите и ССМ го започнаа социјалниот дијалог…