Алиу: Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции
Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.
Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна.
Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест, а сите други пациенти ќе се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.
Комисијата беше формирана откако кардиохирурхот Сашко Кадев објави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алиу: Од анализирани 19 случаи, кај 10…
Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за…
Тедрос: Во Газа се вршат ОПЕРАЦИИ БЕЗ…
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО),…