Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

t

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека онколошките амбулантски терапии веќе се дисперзирани и наскоро ќе започне нивната примена во болниците во Тетово, Битола, Штип и во ГОБ „8 Септември“. Целта е да се децентрализира третманот на онколошките пациенти, кој досега беше ограничен само на Клиничкиот центар во Скопје.

Алиу објасни дека првата фаза на дисперзијата започнува во овие центри бидејќи таму веќе работат онколози. Експерти од Клиничкиот центар во Скопје ќе им помагаат на локалните тимови, со тоа што еднаш неделно ќе ги посетуваат болниците. Најверојатно следната недела ќе биде отворен и Онколошкиот центар во ГОБ „8 Септември“, каде што исто така ќе започне примената на терапии.

Според него, ова е прва фаза и потребно е да се има и цел тим на луѓе, ако во случај се комплицира нешто при апсорпцијата на терапијата. Тој вели дека треба и дополнителни обуки за колегите што работат во Битола, Тетово и во Штип, а исто така и во „8 Септември“ и оти тоа е втората фаза.

„Се работи за пациенти и многу сме претпазливи, бидејќи освен што таа процедура е сензитивна, мора да бидеме претпазливи да знаеме дека чекорот што го правиме напред е чекор што е анализиран и е сигурен за сите пациенти“, кажа Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Онколошките пациенти од август таблетарната терапија ќе…

Онколошките пациенти од сите градови во државата…

Стојковски: Повеќето пациенти на Онкологија ја примаат…

Повеќето од пациентите што се третираат на…

Таравари: Онколошка терапија ќе има најдоцна до…

Министерот за здравство Арбен Таравари, во 24…