Али Ахмети се сретна со чешкиот амбасадор Лудва

t

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Тетово се сретна со чешкиот амбасадор во Скопје, Јарослав Лудва. Ахмети и амбасадорот Лудва главно разговараа за интеграцијата на земјата во обединета Европа и петте приоритети кои ги објави Ахмети.

„Уставните измени и продолжувањето на европскиот пат е приоритет над приоритетите на Ахмети, Демократската унија за интеграција и Албанците, но тоа треба да биде приоритет за сите. Ветингот за политичари, судии и обвинители со меѓународен мониторинг, проверка на богатството и имотот ма сите носители на јавни функции, истрагата за приватизацијата и олигархијата креирана од тој процес, се предуслови за неселективно владеење на правото и стопирање на политички лов на вештерки со партиска пропаганда“, соопшти ДУИ.

ДУИ не е заинтересирана да биде дел од владата, но, како што соопштија, ќе продолжи да алармира дека на власта и недостасува етнички легитимитет и тоа ги прави владините одлуки моноетнички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Али Ахмети се сретна со чешкиот амбасадор…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Тетово…

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Туркменистан…

Фатмир Етеми контра МВР: Мене ми е…

Бизнисменот Фатмир Етеми, се огласи во јавноста…

Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја…

Нас никој не нѐ ослободи, сами се…