Алкалоид во групната фаза, Вардар 1961 во квалификациите за Лига Европа
Актуелниот македонски вицепрвак Алкалоид ќе игра во групната фаза во ракометната Лига Европа, додека двократниот европски шампион Вардар 1961 преку квалификации ќе се обиде да биде вториот македонски тим кој идната сезона ќе настапува во второто по ранг европско клупско натпреварување, одлучи денеска ЕХФ.
Вардар 1961 се враќа на европската сцена по пауза од една година и во квалификациите можни противници ќе му бидат Рајн Некар, Гранољерс, Брага, Винтертур и Истад.
Ждрепката за квалификациите е закажана за 18 јули во Виена, а натпреварите ќе се играат на 26/27 август и 2/3 септември.
Ракометарите на Алкалоид, пак, жрепката за групната фаза ќе ја чекаат од вториот „шешир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…