Објавено на:

Алкараз го одбрани трофејот на Вимблдон

t

Карлос Алкараз втора година по ред е победник на Вимблдон, откако во денешната реприза на ланското големо финале неочекувано лесно го совлада Новак Ѓоковиќ (6-2, 6-2, 7-6).

Србинот беше само бледа сенка на тенисерот кој според многумина е најдобар во светот на сите времиња, што најмногу се однесуваше за првите два сета. Шпанецот и во двата почнуваше со брејк, а потоа успеваше и по вторпат да му го одземе сервисот на српскиот тенисер за експресни 2-0 по само нешто повеќе од еден час игра. Најголема борба беше видена во третиот сет и тоа поради делумното будење на популарниот Ноле во финишот, кога во десеттиот гем спаси три меч топки и го одведе дуелот до тај-брејк во кој далеку помладиот ривал покажа повеќе и го финишира дуелот.

Алкараз со ова стана деветти тенисер во историјата на Вимблдон кој ја одбранил титулата, а воедно е и четврти тенисер со четири гренслем-титули до 21-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…