Алоооо „верници“, Господ и ситење на смрт на млад човек одат ли во иста реченица?

t

Трагична вест го потресе Вевчани утрово. Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Од МВР за Инфомакс утрово ја потврдија трагичната вест.

На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот.

Згрозен од коментарите на социјалните мрежи се огласи и адвокатот Јанаки Митровски.

– Трагично угинува синот на Крсто Мукоски. Деветнаесет годишно дете, сообраќајка. На инфомакс пејџот колку сакаш коментари од типот Бог да го прости ама Господ му враќал за предавството, удирал каде што боли.

Алоооо “верници” Господ и ситење на смрт на млад човек одат ли во иста реченица? Јас Крсто би го стрелал, но неговото дете нека почива во мир, ништо не Ви згрешило!!!!, напиша Митровски на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ