Амандманска расправа за измените на Кривичниот законик во матичната комисија

t

Препукувања, спротивставени ставови, но и многу одбиени амандмани имаше на денешната расправа за измените во Кривичниот законик во матичната Комисија.Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани и побараа менување на членот 353- Злоупотреба на службената положба и овластување и враќање на решението пред измените на Кривичниот законик од 2023 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак реагираа на амандманите на СДСМ, обвинувајќи ја опозицијата за лицемерие и политичко глумење. „Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот“, децидни се од владејачката партија.

Секогаш членот 353 е поле за препирање помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, констатираше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска. Според неа, очигледно се работи за само уште една фарса и тенденцијата на неказнување и 30 години амнестија ќе продолжи и со овие предлог измени.

На денешната амандманска расправа во Комисијата за политички систем, посветена на новиот Кривичен законик, и претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, поднесе амандман со кој се бара воспоставување поефикасна и построга правна рамка за борба против корупцијата во јавниот сектор.

Инаку, Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, со новите измени ќе се отстранат идни евентуални штетни последици од донесените законски измени на Кривичниот законик во септември 2023тата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амандманска расправа за измените на Кривичниот законик…

Препукувања, спротивставени ставови, но и многу одбиени…

Стармер: Трамп треба да се и извини,…

Тврдењата на Доналд Трамп дека британските војници…

СДСМ вели законот за „Safe City“ е…

Од СДСМ попладнево велат дека и покрај…

Зајкова на ФБ: Целосна поддршка за „Сејф…

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка…

Среброто ја проби историската граница од 100…

Цената на среброто за првпат во историјата…