Аман! Занимавајте се со поважни работи, а не дали ДУИ славел и носел пејачи!

t

Лидерот на ДУИ Али Ахмети остро ги критикуваше сите кои ја нападнаа партијата која деновиве организираше прослава по повод 20 годишнината.

„Аман, занимавајте се со поважни работи, не се занимавајте со родендени. Дали славел и носел пејачи ДУИ! Славеле младите и тоа им се посветува на тие што се родени во 2002 година. На 20 годишниците. На нив е посветено ова 20 годишнина. Тие нема да ги имаат нашите проблеми. Тие сега се во универзитети. Тие слават затоа што голем дел од нив се апсолвенти во универзитетите. Слави Мајка Тереза во Скопје, слави ДУТ во Тетово. Слават сите кадри што излегуваат. Слават сите специјалисти лекари кои ги поплавиле скопските клиники. Слават 2500 полицајци. Слават над 2000 офицери и подофицери. Немојте така“, рече во Клик Плус лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Ахмети вели дека е лут и на политичките партии кои се занимавале со роденденот на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…

Гаши најостро ги осудува заканите кон пратениците…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, извести дека…