Амбасадорката Агелер: Корупцијата ве кочи, да бараме одговорност од корумпираните актери – Неказнивоста мора да заврши!
Новата амбасадорка на САД во Македонија, Анџела Агелер, во својот прв јавен настап по предавањето на акредитивните писма, порача дека борбата против корупцијата во Македонија ќе ја направи број еден приоритет на американската амбасада.
Амбасадорката Агелер додаде дека таа борба мора да ја водат граѓаните на оваа држава, а САД ќе бидат тука да ги поддржат.
На младите овде им треба и тие заслужуваат земја во која успехот се заснова на талент и напорна работа, а не на политика или на тоа кого познавате. Корупцијата во која било форма – непотизам, несоодветно политичко влијание, фаворизирање при вработување или потпишување договори итн., ја кочи оваа земја во економскиот, социјалниот, образовниот и структурниот успех што знаеме дека може и треба да продолжи да се постигнува, порача Агелер, пренесува „360 степени“.
Ова е една од пораките што Агелер, ги испрати на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), што е прв нејзин јавен настап по предавањето на акредитивните писма.
Од говорницата на настанот во Музејот на македонската борба, таа испрати пораки до политичарите, до јавноста и до службениците дека треба сите да се обврзат и да бараат одговорност.
Ги видовме иницијативите на ДКСК за отворање кривични постапки против јавни функционери за коруптивни дела. Слушаме што се случува зад сцената со манипулации за назначувањата на клучни позиции. Читаме за профитабилни тендери што завршуваат кај фирми со политички или лични врски. Затоа да се обврземе сега – јавноста, политичарите, владините службеници – да ја отповикаме корупцијата и да бараме одговорност од корумпираните актери. Неказнивоста мора да заврши“, порача Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…