Објавено на:

Амбасадорот на САД во Москва вели Русија и Америка ќе се смират – Захарова му врати со навредилив епитет

t

САД и Русија на крајот ќе ги вратат нормалните односи, можеби не наскоро, но тоа ќе се случи, изјави денеска американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан.

-Апсолутно не сум добар во предвидувањето на иднината, но ќе направат едно предвидување – и тоа не е предвидување, само знам: на крајот, Русите и Американците повторно ќе воспостават нормални односи. Можеби не оваа година, можеби не следната, но тоа ќе се случи. Се надевам дека тоа ќе го доживеам, изјави американскиот дипломат во интервју за „Новаја газета“.

Марија Захарова, портпаролката на руското МНР, на нејзиниот Телеграм канал ја искоментира изјавата на американскиот амбасадор.

“Американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан: „Не сум добар во предвидувањето на иднината, но ќе дадам едно предвидување – и тоа не е предвидување, само го знам: на крајот, Русите и Американците ќе ги обноват нормалните односи. Можеби не оваа година, можеби не во следната, но тоа ќе се случи и се надевам дека ќе живеам дотогаш“.

Штета што не кажа дека неговата земја ги уништила врските меѓу нашите народи. А првата вошлива ластовичка беше неговиот претходник, претставникот на деструктивното крило на американската Демократска партија Мекфол. И тогаш брзаше без воздржување.” – напиша Захарова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…