Амбасадорот побегна од Украина без да ни се јави: Македонец од околината на Киев бара евакуација со македонската мисија на ОБСЕ

t

Игор Ангелов е Македонец женет за Украинка, со која има две годишно детенце. Моментално тој и семејството се заглавени на 20 километри јужно од Киев и не можат да го напуштат градот поради забраната за влез и излез во истиот.

Игор се обрати до редакцијата на Инфомакс за да апелира до МНР како надлежен орган да преземе нешто за заглавените македонски државјани во Украина. Како што вели тој чувствува огромно незадоволство поради тоа што македонските дипломати ја напуштиле Украина пред да се погрижат за нашето население таму.

“Знаеме дека можеби и ние имаме вина што многу порано не го напуштивме градот, но никој не очекуваше дека ова ќе се случи. Ние навремено го информиравме македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов дека бараме помош за евкуација од Украина. Тој праша дали имаме возило за заедно со него и останатите дипломати да ја напуштиме Украина како дел од дипломатската колона.” – вели Ангелов.

Но иако биле уверени дека помош од амбасадорот ќе добијат, Игор и семејството биле извисени. Амбасадорот ниту им се јавил, ниту ги известил дека планира да ја напушти Украина.

“Никој не ни се јави, а подоцна дознавме дека амбасадорот безбедно се евакуирал од Украина и сега веќе е дома во Македонија.” – вели Игор кој предлага и друга опција за извлекување на Македоците од Украина.

“Дипломатите се евакуирани но Македонија има постојани преставници во Обединетите Нации и ОБСЕ, зошто тие не се ангажираат да обезбедат помош при наша евакуација од кризните подрачја?” – прашува Ангелов.

Во емисијата Тешки муабети, редакцијата на Инфомакс имаше ексклузивен гостин, уште еден Македонец заглавен во Киев заедно со двете малолетни деца и сопругата, Сашо Андоновски, кој потресено раскажа за ситуацијата во која се наоѓаат, како и можноста да останат без храна, вода и останати потребни продукти во следните денови поради полицискиот час во градот.

Македонските дипломати беа безбедно евакуирани од Киев , а амбасадорот Крум Ефремов имаше изјава за ТВ 24 во која апелираше македонските државјани да не ја напуштаат Украина на своја рака.

“Ефремов за ТВ 24 апелира македонските граѓаните кои се заглавени во Украина да не патуваат сами и да чекаат евакуација. Формиран е кризен штаб во МНР и заедно со амбасадите од други земји членки на ЕУ, ќе се транспортираат граѓаните до Македонија. Ефремов вели дека е најкритично во поголемите градови, каде се водат најголемите борби.” – стои во обајвата на ТВ 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…