Објавено на:

Американската амбасада “ги аминуваше” изборите во Косово: Се одржале во согласност со сите прописи

t

Амбасадата на САД во Косово синоќа соопшти дека изборите во четири северни општини се одржале во согласност со уставните и законските одредби на Косово.

Американската амбасада додаде дека ја поддржува „различната, инклузивна и мултиетничка демократија во Косово и изборите што ја поддржуваат“.

Во изјавата се изразува жалење што не сите партии го искористиле своето демократско право да учествуваат на изборите.

Амбасадата изрази благодарност за професионалноста на косовската полиција, Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и КФОР за обезбедување безбедна средина за изборите.

Од амбасадата велат дека ќе се ангажираат со сите релевантни страни за следните чекори.

„Исто така, ја нагласуваме важноста и нашата посветеност за целосно спроведување на Охридскиот договор“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина.

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека на вчерашните избори за градоначалници на општините во северно Косово и за советници во општините Лепосавиќ и Звечан гласале само 3,47 отсто или 1.567 граѓани со право на глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…