Објавено на:

Американската воена помош за Украина од почетокот на мандатот на претседателот Џозеф Бајден надмина 44,4 милијарди долари

t

Вкупниот износ на американската воена помош за Украина од почетокот на мандатот на претседателот Џозеф Бајден надмина 44,4 милијарди долари, а од почетокот на специјалната воена операција – 43,7 милијарди долари, објави заменик портпаролот на Пентагон, Сабрина Синг.
Таа додаде дека Соединетите Американски Држави ќе доделат нов пакет помош за Украина во вредност од 600 милиони долари.


„Министерството за одбрана денеска објави нов пакет воена помош во рамките на иницијативата за воена помош на Украина. Овој пакет вреден 600 милиони долари вклучува опрема за зајакнување на средствата за воздушна одбрана на Украина, артилериска муниција и други средства“, рече таа на прес-конференција.


САД, исто така, имаат намера да испорачаат гранати со осиромашен ураниум во Украина до испораката на тенковите Абрамс, кои би можеле да бидат таму уште на есен, додаде портпаролката на Пентагон.
„Целта е гранати да бидат таму посебно во исто време со тенковите“, додаде таа.
Во соопштението на администрацијата на Бајден се наведува дека како дел од овој пакет за потребите на вооружените сили на Украина ќе се купуваат:
опрема за одржување и интеграција на системи за воздушна одбрана на Украина;
дополнителна муниција за „хаимари“;
Артилериска муниција со калибар 105 мм;
средства за радио електронско војување;
муниција за деминирање на пречки;
опрема за деминирање;
опрема за обука и логистика.
Претходно весникот „Политико“, повикувајќи се на неименуван претставник на Пентагон, објави дека Киев ќе ги добие првите 10 американски тенкови „Абрамс“ во средината на септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…