Објавено на:

Американската војска со години праќала доверливи податоци на погрешна адреса!

t

Милиони мејлови наменети за припадниците на американската војска биле испратени на адреси во африканската земја Мали во последните десет години поради мала грешка при пишувањето, јавуваат британските медиуми.


Наместо да го пишуваат доменот „.MIL“ што се користи за сите адреси на е-пошта на американската војска, некои погрешно напишале „.ML“ – што е домен за африканската земја Мали.
Резултатот од таквата грешка беше постојан проток на чувствителни информации кои се испраќаа во Мали, пренесува Би-Би-Си.


Ниту еден од погрешно испратените мејлови не бил класифициран како доверлив, но според весникот, тие вклучувале медицински информации, мапи на американски воени објекти, финансиска евиденција и официјални документи за планирање на патувањето, како и некои дипломатски пораки.
Според Фајненшл Тајмс, кој прв ја објави приказната, холандскиот интернет експерт Јохан Зурбиер бил првиот што предупредил за проблемот пред една деценија.


Во 2013 година, Зурбиер склучи 10-годишен договор за управување со државниот домен на Мали, кој е пред истекување, а во последните месеци, наводно, собрал илјадници погрешно насочени мејлови.
Тој напиша писмо до американските официјални лица овој месец за да го алармира.
„Ризикот е реален и може да биде искористен од американските противници“, напиша Зурбиер во писмото.
Воената влада на Мали требаше да ја преземе контролата врз доменот во понеделник.
Пентагон соопшти дека презел чекори за решавање на проблемот, јави Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

79 години од бомбардирањето со атомска бомба…

Нагасаки  денеска ја одбележа 79-годишнината од американското…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…