Американската држава Индијана погуби затвореник за првпат по 15 години
Убиец осуден за смртта на четворица луѓе, меѓу кои и неговиот брат и вереникот на неговата сестра, беше погубен денеска во американската сојузна држава Индијана – првото погубување во државата по 15 години, пренесе „Си-би-ес“.
49-годишниот Џозеф Коркоран беше осуден за пукањето кое се случило во јули 1997 година. Тогаш Коркоран ги убил неговиот 30-годишен брат Џејмс, вереникот на неговата сестра Роберт Скот Тарнер (32) и уште двајца луѓе – 30-годишните Тимоти Г. Брикер и Даглас А. Стилвел.
Адвокатите на Коркоран со години ја оспоруваа неговата смртна казна, тврдејќи дека тој страдал од тешка ментална болест што ја нарушува неговата способност да разбере и да донесува одлуки.
На почетокот на декември, адвокатите поднесоа барање до Врховниот суд на Индијана за задржување на наредбата за извршување, но барањето беше одбиено.
Последната егзекуција во Индијана пред ова беше во 2009 година, кога Метју Ринклс беше погубен за убиство на неговата сопруга, нејзиниот брат и снаата, во 1994 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…