Американската ФДА одобри нова вакцина против Ковид-19, отпорна е на Омикрон

t

Американската Агенција за заштита од заразни болести ги одобри новите ажурирани бустер вакцини за КОВИД-19, отворајќи го патот за есенска кампања за вакцинација против ова заразно заболување.

Новите бустер дози се комбинирани или „бивалентни“ и се прилагодени за борба против подваријантите на Oмикрон.

Во себе содржат половина од оригиналната вакцина и половина фрагменти од денешните доминантни верзии на омикрон.

Производители се Фајзер и Бионтек и истите се одобрени за сите постари од 12 години, а верзијата на конкурентот Модерна е наменета само за возрасни.

Препораката е да се вакцинираат сите кои имаат ризично здравје, без оглед што и претходно примиле засилувачка доза. Се советува да се почека три месеци од претходната доза, а сите кои сакаат да ја примат новата вакцина да почекаат шест месеци од последната доза или од прележаниот Ковид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…