Објавено на:

Американска конгресменка: Русија се богати, Америка осиромашува

t

Членот на Претставничкиот дом на САД од Републиканската партија, Марџори Тејлор Грин изјави дека антируските санкции пропаднале и повика на крај на финансиската поддршка за Украина, откако швајцарската банка „УБС“ објави извештај за зголемувањето на просперитетот во Русија.

„Санкциите на Соединетите Американски Држави пропаднаа. Имаше доволно пари за Украина“, напиша политичарката на социјалната мрежа „Х“.

Грин потсети дека Вашингтон му дал на Киев 113 милијарди долари и продолжува да издвојува 1 милијарда долари месечно за помош за Украина.

„Русија станува побогата, а Америка е трилиони посиромашна“, додаде таа.

Претходно, банката „УБС“ објави извештај за глобалната благосостојба, во кој се наведува дека минатата година степенот на благосостојба се намалил во повеќето земји, пред се во САД, додека Русија, во исто време, станала еден од ретките земји каде овој показател се зголемил за 600 милијарди долари, пренесува Спутник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…