Американскиот амбасадор во Белград: Србија да се однесува одговорно, да се зачува мирот!

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со американскиот амбасадор во таа земја Кристофер Хил, кој „од него побара Србија да се однесува одговорно, сериозно и да не учествува на кој било начин во загрозување на регионалниот мир и стабилност, објави Претседателството на Србија.

Во соопштението, како што пренесува Бета, се наведува дека Вучиќ во „долг и содржаен“ телефонски разговор на американскиот амбасадор му ја објаснил позицијата на Србија . Исто така, се посочува дека Вучиќ рекол дека „Србија е посветена на почитување на меѓународното јавно право и сите потпишани договори, но дека Србите од северно Косово „се ужаснати од разрешувањето на директорот на Регионалната дирекција на полицијата за регионот Север Ненад Ѓуриќ, и сите прашања поврзани со регистарските таблички и по стоти пат шокирани од повторените изјави дека меѓународното право, Бриселскиот договор и Заедницата на српските општини за нив не постојат“.

Вучиќ денеска разговарал и со амбасадорите на Кина и Русија во Белград, Чен Бо и Боцан Харченко, кои, како што се наведува, ги информирал за безбедносната состојба во Косово и притисоците со кои се соочуваат Србите и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…