Американскиот амбасадор во Косово: Итно да се формира Заедница на српски општини
Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, денеска изјави дека мора итно да се формира Заедница на српски општини и дека тоа е долгогодишно барање на САД, пренесува Индекс онлајн.
Тој за Блумберг изјави дека српската заедница во Косово „има бројни грижи и дека тие ја гледаат Заедницата како начин да помогнат во решавањето на нивните барања“.
Тој посочи дека ЗСО не треба да содржи извршни овластувања.
„Заедницата мора да има граници, бидејќи веруваме дека без тие граници може да стане нешто проблематично или извор на нестабилност“, рече Ховенје.
Коментирајќи ги конфликтите во Бањска, тој истакна дека мора да продолжи да се работи за утврдување на крајната одговорност и дека не верува дека целата одговорност е на поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ.
„Свесни сме дека тој рече дека тоа го направил сам. Не веруваме дека ова ќе биде последниот збор за овој проблем. Мора да продолжи работата за утврдување на крајната одговорност“, рече Ховениер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…