Американскиот амбасадор против одлуката на Косово да забрани влез на српскиот патријарх во земјата: Да не се повтори

t

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, оцени дека нема никој во меѓународната заедница кој се противи на правото на српскиот патријарх Порфириј да влезе во Република Косово и да се сретне со верниците.

Хил додаде дека смета дека е важно српската заедница да може да го види патријархот и изрази надеж дека такво нешто нема да се повтори.

„Мислам дека тоа е нешто основно – за верските слободи таму. Мислам дека нема да најдете некој во меѓународната заедница кој се противи на неговото право да влезе во Косово и да се сретне со верниците. Тоа е нашиот став и се надевам дека тоа нема да се повтори “, изјави Хил за порталот Нова на прашањето како ја коментира забраната патријархот Порфириј да го посети Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…