Американскиот секретар за одбрана во посета на “Рамштајн” во Германија
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин порача денеска дека поддршката на меѓународната заедница за Украина „останува силна“.
– Сите заедно ќе обезбедиме Украина да има сè што е потребно за да живее во слобода. Прашањето за „муниција и оружје за противвоздушна одбрана“ ќе биде во центарот на дискусиите на денот – рече Остин на отворањето на состанокот во американската база во Германија.
Сојузниците на Украина, под притисок на украинскиот претседател Володимир Зеленски да испорачаат повеќе оружје и муниција, се сретнаа за да ја координираат воената помош за Киев.
Состанокот во американската база Рамштајн, на југот на Германија, го организира Остин, а присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој вчера беше во посета на Киев.
– Оваа контакт група е пообединета од кога било досега во поддршката за силите на слободата во Украина – рече Остин.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави првата годишнина од состанокот на сојузниците, на кој учествуваат околу 50 земји.
– Ја чувствуваме поддршката од нашите партнери – рече украинскиот функционер пред отворањето на состанокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…