Американски авион се враќал од пола пат кон Кина, пилотот го заборавил пасошот

Авион на американската компанија „Јунајтед ерлајнс“, кој летал од Лос Анџелес за Кина, морал да се врати во САД два часа по полетувањето, откако било откриено дека еден од пилотите го заборавил пасошот, јавува „Лос Анџелес Тајмс“.
Како што потврдија од авиокомпанијата за CNN, авионот со 257 патници и 13 членови на екипажот полетал од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во саботата во 14 часот по локално време и се упатил кон северозапад, преку Тихиот Океан, на пат кон Шангај.
Меѓутоа, два часа подоцна, авионот завртил и се упатил назад кон Сан Франциско, каде што слетал околу 17 часот, како што е регистрирано на веб-страницата „FlightAware“, која ги следи движењата на авионите.
„Пилотот немаше пасош. Договоривме нов екипаж кој ќе ги однесе патниците до нивната дестинација таа вечер. Патниците добија ваучери за оброк и компензација“, соопштија од авиокомпанијата.
Авионот полетал со новиот екипаж околу 21 часот и слетал во Шангај околу шест часа подоцна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нова трагедија во САД: Авион експлодираше…
Медицински транспортен авион, во кој имало болно…
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…
Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…
Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…
Илон Маск го прозва Бајден поради американски…
Тоа е „сериозен проблем“ доколку Гонзало Лира…
Турција се подготвува за првиот лет на…
Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…