Објавено на:

Американски бискуп бара јавно извинување од Трамп зашто себеси се претставил како папа

t

Американски бискуп бара јавно извинување од американскиот претседател Доналд Трамп поради објава на фотографија на која себеси се претставува како папа.

„Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во време кога сè уште тагуваме по смртта на папата Франциск и се молиме за изборот на нашиот нов папа. Тој должи извинување“,

напиша американскиот бискуп Томас Папроцки од сојузната држава Илионоис во објава на социјалните мрежи.

Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп на социјалните мрежи сподели фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која тој е облечен во папска облека, околу вратот има златен крст, а на главата носи папска митра или капа.

Фотографијата, Трамп прво ја сподели на својата социјална мрежа Трут соушл, а потоа е објавена и на официјалниот профил на Белата куќа на платформата Икс.

Неколку католички водачи и најмалку една католичка група го критикуваат Трамп поради објавата на оваа фотографија, иако таа е генерирана од вештачка интелигенција.

Сметаат дека со тоа Трамп ги исмејува Бог, Католичката црква и папството.

Како што пренесуваат американските медиуми, Белата куќа не се огласила по реакциите на тамошните претставниците на Католичката црква.

Ниту Ватикан не излезе со официјален коментар за фотографијата на Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…