Американски воени бродови пловат низ Тајванскиот теснец
Два воени брода на американската морнарица пловат низ меѓународните води во Тајванскиот теснец, изјавија тројца американски претставници. Тоа е прва таква операција по засилените тензии со Кина поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.
Во последниве години, американските воени бродови, а повремено и сојузничките земји како Велика Британија и Канада, рутински пловеа низ теснецот.
Кина започна воени вежби во близина на островот по посетата на Пелоси на почетокот на август, а тие вежби продолжија.
Патувањето го налути Пекинг, кој го сметаше за обид на САД да се меша во внатрешните работи на Кина.
Официјалните претставници рекоа дека крстосувачите на американската морнарица Chancellorsville и Antietam ја спроведуваат операцијата, која сè уште е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…