Американски воен авион се сруши во Јужна Кореја
Американски борбен авион Ф-16 се урна денеска за време на обука во близина на голема американска воена база во Јужна Кореја, соопшти американската војска. Авионот се урнал во рурална област во близина на воздухопловната база Осан.
Пилотот безбедно се катапултирал и бил пренесен во најблиската медицинска установа. Во инцидентот нема повредени цивили. Истрагата е во тек.
Локалните власти соопштија дека припадниците на противпожарната служба интервенирале за да го изгаснат пожарот. Воздухопловната база Осан е најблиската база на воздухопловните сили на САД до Северна Кореја и е на 64 километри од нејзината граница, наведува Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…
Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…
Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…
Богоев со генералниот директор на корејската царина:…
„Системот за управување со ризици и податочен…
Турција се подготвува за првиот лет на…
Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…
Како на филм: Украински пилот пребегна во…
Пилотот веќе се наоѓа на руска територија…