Американски генерал: Прерано е да се каже дали летната офанзива на Украина не успеа
Прерано е да се каже дали летната офанзива на Украина не успеа, изјави генералот Марк Мили, командант на Здружениот генералштаб на САД.
– Таа офанзива започна пред околу 90 дена. Се одвиваше побавно отколку што предвидуваа планерите. Но, тоа е разликата помеѓу она што (воениот теоретичар Карл фон) Клаузевиц го нарече војна на хартија и вистинска војна. Значи, ова се вистински луѓе во вистински возила кои се борат низ вистински мински полиња, и има реално смрт и уништување, а има вистински конфликт. И останува уште разумно време, веројатно околу 30 до 45 дена, вредно за борба против временските услови, рече тој во изјава за емисијата „Sunday With Laura Kuenssberg“ на Би-Би-Си.
– Значи, Украинците не се готови.. Оваа битка не е завршена. Тие не го завршија борбениот дел од она што се обидуваат да го постигнат. Па ќе видиме, рано е да се каже како ќе заврши ова. Тие барем делумно успеаја во она што го зацртаа и тоа е важно. А потоа ќе почне да врне и ќе стане многу калливо. Ќе биде многу тешко да се маневрира во тој момент, а потоа ќе почне длабока зима. И тогаш во тој момент ќе видиме каде ќе одат работите. Но, сега е рано да се каже дали оваа офанзива пропадна или не“, изјави американскиот генерал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…